Скелет на месечината

Posted: Јануари 4, 2011 in НЛО манија

Американскиот месечев модул Аполо 11 фотографирал човечки скелет и необјасниви стапки на површината на Месечината во 1969 година кога за прв пат човекот стапнува тамо.

Ова е бомбастичното тврдење на кинскиот научник Канг Мао-панг кое го изнел пред јавноста во 1988 година заедно со одредени слики на кои можеле да се видат човечки стапки направени со боси нозе. Тој тврдел дека тие слики ги добил од доверлив извор во Американската влада и дека накнадно ќе ги добие и сликите на кои се гледа убаво и скелетот.

„Американците го направија најголемото затајување на вистината, кое се равни со чист криминал“ – изјавил Др. Канг пред новинарите во Пекинг. „Тие ги криеле фотографиите на кои се препознаваат стапките повеќе од 20 години, а тие на кој се наоѓа скелетот уште подолго. Импликациите од ваквите нивни постапка се запрепастувачки“ – понатаму истакнува тој – „ Очигледно дека Американците сметаат дека само тие и никој друг не е привилегиран истите да ги види. “

Обвинувањата на Др. Канг ги запрепастило Америчките вселенски и разузнавачки експерти, дел од кои избегнувале да се соочат со новинарите, а еден дури и се криел одредено време од јавноста.

Останати извори исто така не сакале да коментираат иако им било предочено дека кинескиот научник има над 1000 НАСА фотографии кои многу јасно ги прикажуваат човечките стапалки и скелет на површината на Месечината.

Интересен е фактот што изгледа како на скелетот да има фармерки. Судејки според поставеноста на коските, се претпоставува дека особата на која и припаѓале била своевремено делумно расчеречена и умрела со многу тешка и болна смрт. Исто така е многу но веројатно дека истото тело било пренесено во вселената одреден период по смртта на особата. Декомпресијата на коските и месото не би биле возможни во безвоздушниот простор на Месечината. Кинескиот научник истакнал дека не е возможно да се пресмета староста на коските без нивна детална анализа.

„Како и фотографиите од стапките на месечината и овие фотографии се направени со камерата која се наоѓа на лунарниот модул кој слетал на Месечината и ми ги предаде Американски контакт кој неможам повтроно да го контактирам“ – истакнал Др. Канг.

„Исто така поседувам и класифицирани документи и писма во кои се потенцира дека стапките кои се снимени се свежи, а скелетот без никакво двоумење човечки. Прашањето кое се поставува сега е како овие стапала и скелетот завршиле на површината на Месечината. Очигледниот одговор е дека се вмешани вонземјани, но никогаш нема тоа да го дознаеме се додека американците одбиваат да ги објават информациите кои тие ги имаат.“

Документите кои Др. Канг ги посочува се обележани со ознаката „Top Secret“ и се со датумот 03.август.1969, значи се напишани сао две недели откако астронаутите Нил Армстронг и Баз Олдрин слетале и оделе на месечината – во чизми! – на 20ти Јули 1969.

Поголемиот дел од текстот во овие документи бил поминат со црн маркер, но едно е јасно, а тоа е дека Американските експерти биле убедени во учеството на вонземјаните во овие два случаи. Неколкуте обиди да се добие објаснување од американските власти за тврдњата на Др. Канг останале безуспешни.

Според одреден извор од Вашингтон: „Никој ништо нема да каже се додека нема одобрение од Претседателот Буш. Ова не е обично замачкување на јавноста. Ова го прави Вотергејт како обичен школски пикник.“

Преведено од Unexplained-Mysteries.

Останати линкови поврзани со оваа информација:
1. Aliens the truth
2. Mysterious world

Интересна информација која одлучив да ја споделам со Вас затоа што на некој начин е меч со две оштрици за оние кои веруваат во невозможното. Зашто?

Еве да земеме дека вонземјани постојат. Редовно ја посетуваат Земјата и при тоа киднапираат луѓе со цел да вршат разни испитувања врз нив. Премногу од возможно е дека некои од тие субјекти би умреле при таквите постапки. Возможно е, значи возможно е да Месечината на некој начин им служела на овие вонземјани како отпад за ваквите неуспешни субјекти. Нели како најблиско небесно тело до Земјата ваквата теорија е возможна. Сигурно и други помислиле на ова и да voala одеднаш мистеријата изгледа појасна нели. Но сега јас на истите тие луѓе би им го поставил и следново прашање:

ПА НЕЛИ ЛУЃЕТО НИКОГАШ НЕ СЛЕТАА НА МЕСЕЧИНАТА!!!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s