Moonwalker тврди дека постоел контакт со вонземјани

Posted: Јануари 5, 2011 in НЛО манија

Едгар Дин Мичел (роден 17 септ. 1930) е американски пилот, инжењер и астронаут. Како пилот на лунарниот модул Аполо 14, поминал 9 часа работејки на површината на Месечината во т.н. Фра Мауро регион, станувајки со тоа шести човек кој одел на Месечината.

Награден е од New Mexico State University, University of Akron, Carnegie Mellon University и од Embry-Riddle Aeronautical University. Исто така добитник е и на Председателскиот медал за Слобода во 1970 година од тогашниот председател Ричард Никсон.

Едгар Мичел, еден од 12-те луѓе кои ја имаа таа привилегија да згазат на површината на Месечината, јавно истакна дека посетите на вонземјани на земјата се многу добро прикриена информација повеќе од 60 години.

„Ја имам таа привилегија да го знам фактот дека сме биле посетени од НЛО-а и дека НЛО феноменот е вистински“ – истакнал Мичел на Керанг радиото во Британија.

„Сето ова се прикрива веќе подолго време од страна на повеќе влади“ – додал Мичел, кој и самиот израснал во Росвел – Ново Мексико, локацијата на контроверзниот инцидент од 1947 година, каде одредени луѓе веруваат војската на САД лиферувала информација за наводен балон, кога на самото место се има срушено НЛО.

Со цел да разјасни некои работи кои според него биле извадени од контекст, Едгар Мичел разговара со Лиса Бонис од BlogTalkRadio’s ShapeShifting.

Еве транскрипт од целото интервју:

  • Лиса Бонис: Др. Мичел Ви благодарам што не посетивте денес.
  • Едгар Мичел: Задоволството е мое. Ви благодарам.
  • ЛБ: Како што веќе споменавме, пред да започне интервјуто, Вие успеавте убаво да ја раздрмате јавноста, со нешто кое според Вас го кажувате веќе подолго време.
  • ЕМ: Па не би знаел баш што толку ги разбранува работите, можеби The Larry King Show, незнам.
  • ЛБ: Можеби. Во суштината, луѓето ги запрепасти информацијата дека Вие сте свесен за неколку НЛО посети.
  • ЕМ: Тоа не е баш точно. Вие го кажавте тоа во множина. Јас зборував за инцидентот во Росвел, значи примарно за тоа, а постојат многу повеќе посети за кој јас немам лично познавање.
  • ЛБ: Значи Вашето интервју било малку погрешно интерпретирано. Но Вие во суштина навистина имате информации за Росвел инцидентот?
  • ЕМ: Да и моите информации тоаѓаат од оние што јас ги нарекувам „олд-тајмери“, бидејки јас израснв во Росвел регионот и кога отидов на Месечината, многу луѓе од тој период, некои локални, и многу воени лица и луѓе од разузнувањето, кој беа под доста опасни по живот заклетви да не ја кажуваат вистината, на некои начин сакаа да си ја исчистат совеста и да го тргат тој товар од градите пред да преминат на овој свет. Тие на некој начин ме одбраа мене и секој посебно, значи ова не беше групно излагање, истакна повеќе или помалку дека јас сум за нив најбезбедната личност на која можат да и се доверат. Сите тие потврдија, значи потврдија дека Росвел инцидентот е правата работа и дека тие на некој начин имаа уддел во таа случка и сакаа за тоа да проговорат.
  • ЛБ: Што точни Ви кажаа?
  • ЕМ: Дека рушењето на НЛО во Росвел е вистина и дека се спасени дел од мртвите тела на вонземјаните, но исто така имало и преживеани. Репортажата на Roswell Daily дека станувало збор за метереолошки балон е нормално само начин да се прикрие вистината.
  • ЛБ: Што мислите, зашто сево ова беше прикриено. Мислам има повеќе причини, но Вие на некој начин бевте во центарот на случувањата нели. Зашто Вие мислите дека сето тоа било прикриено? Дали сметате дека тие мислеле дека не сме доволно софистицирани за таква информација? Дали човештвото не било спремно?
  • ЕМ: Според мене најдобрата приказна е дека ова се случува веднаш по Втората светска војна, ЛАдната војна само што започна имаше во тоа време големо сомневање во се што се однесуваше на заштита на небото над САД. Исто така тогаш и Воздушните сили на армијата на САД стана посебен сервис наречен само Air Force. Службата за разузнавање од Втората светска војна (ОЅЅ) веше расформирана за да се создаде модерната ЦИА, па така Председателот Труман конкретно во таа ситуација не знаеше како да постапи.
    Имаме ситуација каде Воздушните сили се задолжени за заштита на наебото и за сите напредни технологии на нашата нација, а разузнавачките служби не знаеа што би требало да направат во случај на НЛО, а не знае ниту дали се пријателски или непријателски расположени. Исто така никој не сакаше Советите да дознаат за новонастанатата ситуација, акамо ли да се замешаат, па така најлесно решение беше сето тоа да се заташка и прикрие и нормално да се негира се што се случило. И така тоа и се случи на жалост, или за среќа – не знам, а Председателот Труман формираше специјална комисија со висок степен на цивилни и воено образувани лица т.н. Military and Joint Intelligence Committee.
    Со тоа MAJIC (MAJIC12) добија дозвола да менаџираат со сите информации околу оваа случка. Исто така протнаа многу таен закон со кој им се даде голема одговорност и власт, можеби преголема, така што во последниве 60 години од тој инцидент, многу работи континуирано се прикриваат, се лаже, се крие и многу луѓе од високи позиции не можат да дојдат до правите информации, како што е Бери Голдватер, кој беше и претседателски кандидат, проба да дојде до информации но не му беше дозволен пристап. Председателот Форд исто така се обиде да дојде до одредени информации, но и тој беше одбиен.
    Председателот Картер имаше сопствено искуство и кажа дека има видено НЛО и се потруди да пронајде повеќе информации, но не успеа да дојде до нив и повеќе не спомена ништо на таа тема. Претседателот Клинтон исто така побара пристап и беше одбиен. Значи ова е едно добро прикривање кое трае со години.
  • ЛБ: Значи дали сметате дека денес, 60 години подоцна, ние сме конечно спремни да ја дознаеме вистината? Затоа што, господе боже, скептицизмот, не знам како некој може да мисли дека сме единствениот живот во овој бесконечен универзум.
  • ЕМ: Хм, да тоа е добро место за да се почне. Дали сме сами во универзумот? Секако науката нема докажана ниту дека сме сами ниту дека не сме. Но ние бараме, секако, населиви планети низ нашава галаксија како и низ ѕвездени системи блиску до нас и полека доаѓаме до заклучокот дека сепак такви планети постојат тамо некаде. Но тоа е сепак далеку од потврдата дека некој нас не посетил. Само ваквите инциденти (Росвел) и одредена група на луѓе кои го прават тоа со години можат да дадат таква потврда, а јас нажалост не сум еден од нив.
  • ЛБ: Во интервјуата се цитира Вашата изјава дека извори од НАСА имале контакт со вонземјани.
  • ЕМ: Тоа е потполно неточно.
  • ЛБ: Тогаш дајте и тоа да го разјасниме.
  • ЕМ: Да ајде. Тоа не е точно. Бидејки имам зборено со владини луѓе за тоа како и со воени лица, но не со нив.
  • ЛБ: Мило ми е што тоа го разјаснивме. Дали ги имате видено тие извештаи што кружат наоколу?
  • ЕМ: Имам видено некои од нив. Имам некои на мојот компјутер.
  • ЛБ: Дали има уште нешто во овие извешта за што би сакале да кажете „Да и ова е погрешно пренесено“?
  • ЕМ: Би сакал да ги погледнам сите, но сега за сега само тоа дека ова нема ништо со НАСА.
  • ЛБ: Во еден од тие цитати се вели дека кој и да ги опишал овие суштества, тие наликуваат на „мали луѓе слични на нас“.
  • EM: Сите сме виделе слики од т.н. вонземјани – малите сиви. Јас немам доказ од прва рака дека тоа е точно, но го прифаќам фактот дека е најверојатната приказна.
  • ЛБ: Тоа е очигледно она што го кажува поголемиот дел од луѓето кои тврдат дека ги виделе. Сега уште нешто, нешто што држи вода што би се рекло, дека нашата технологија воопшто не е ни од далеку така софистицирана како нивната и дека ако беа непријателски настроени до сега ќе не немаше.
  • ЕМ: Па да ако се непријателски настроени и ако сакаат најверојатно би можеле тоа да го сторат. Сепак нема никакви докази кои потврдуваат дека се непријателски настроени.
  • ЛБ: Како што кажавте, ако беа, и ако се технолошки понапредни од нас, тогаш што бараме ние тука сеуште?
  • ЕМ: Летечките објекти кои тие ги имаат видено се претежно помали и не се никакви воени бродови или слично. Сепак сите видени НЛО, знаете стотици воени и цивилни пилоти на кои им е речено да молчат, полициски службеници како и обични луѓе кои ги имаат видено и не зборам за Венера или МАрс или ѕвезда или планета туку за вистински летала, генерално не наликуваат на ништо што ние имаме.
  • ЛБ: Споменавте на почетокот дека во Росвел нашле и живи вонземјани. Дали некој Ви кажа што се случило со нив?
  • ЕМ: Очигледно тие суштества преживеале некое време, колку што јас знам. Сепак неможам ништо повеќе да кажам бидејки ни самиот не знам.
  • ЛБ: Што мислите за изјавата на НАСА дека „Др Мичел е голем Американец, но ние не ги делиме неговите милсења и ставови.“?
  • ЕМ: Комплетно ги разбирам бидејки се што имам јас кажано или слушнато воопшто не ги тангира нив.
  • ЛБ: Вие бевте дел од програмата за астронаути релативно кратко време.
  • ЕМ: Да цели седум години.
  • ЛБ: Ова едноставно е фасцинирачка информација и се надевам дека нема да ја напумпам премногу ако кажам дека навистина сметам дека човештвото ја достигна таа точка во својата еволуција кога ваквата информација нема да предизвика таква паника и безредија како што ни прикажуваат
  • ЕМ: Коплетно се сложувам со Вас. Веќе е време и ако навистина, како што ние веруваме, не сме сами во универзумот и постојат други видови и цивилизации низ универзумот и ако универзумот е многу поголем од тоа што ние си го замислувавме, сето тоа се добредојдени информации. Тоа е многу важно спознание.
  • ЛБ: Навистина е. На жалост времето брзо ни истече. Дали имате некоја последна изјава, нешто за што не разговаравме?
  • ЕМ: Па сметам дека единственото нешто што луѓето треба да го знаат е дека нашиот ѕвезден систем е со ограничено време на постоење и дека треба да започнеме со истражување на универзумот. Имаме само уште неколку билиони години на оваа наша планета. Ме мора да брзаме нели, но сепак со време треба да се отселиме од оваа планета ако сакаме како вид да преживееме.

Превземено и преведено од UFODIGEST.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s