Алтернатива 3 прв дел

Posted: Јануари 8, 2011 in НЛО манија, Теории на завера

20ти јуни 1977

Тоа понедлничко попладне, Англиската телевизиска куќа ја објави последната емисија од серијата на Научни рапорти, серија на сериозни документарци, кои беа режирани од еминентни научни репортери. Емисијата со наслов Алтернатива 3, беше пренесувана во Голема Британија, Австралија, Нов Зеланд, Канада, Исланд, Шведска, Норвешка, Финска, Грција и Југославија. Сепак никогаш не беше емитувана во САД. По се изгледа дека тогашната влада не дозволувала такво нешто да се емитува во нивната земја.

(неможам а да не спомнем дека ме изнасмеа фактот дека глуми и дебелкото од АлоАло)

Емисијата фрлаше светло на неколку главни точки:

  • Постои тајна САД-СССР вселенска програма, која надминала многу повеќе од она што јавноста во тоа време го знаела.
  • Астронаути слетале на Марс во 1962 година.
  • Откриено е дека постои друга интелигенција во универзумот.
  • Земјата умира. Сме ја загадиле веќе до тој степен да нема поправање. Зголемениот ефект на стаклена градина ќе предизвика топење на половите и на глечерите што од своја страна ќе предизвика поплави на Земјата. Ова покачуавње на нивото на водата ќе резултира со промена на пејсажот на Земјата, а Лондон и Њу Јорк ќе се само дел од многуте погодени места.

Постојат три решенија (алтернативи) предложени од политичарите (владите):

  • Алтернатива 1 – Да се запре целосно загадувањето и да се продупчат две дупки во озонот. Ова ќе овозможи зголемено УВ зрачење и милиони би умреле од рак на кожата.
  • Алтернатива 2 – Под итно да се започне со копање на подземни градови за Елитата – оние вредни да се спасат – а да се остават останатите да умрат на површината.
  • Алтернатива 3 – Да се изградат вселенски бродови и да се однесе Елитата од Земјата – на Месечината или Марс. Да се киндапираат и земат со себе дел од „обичните“ луѓе за да служат како робови. Да се користи ментална манипулација за истите да бидат под контрола. Да се остави рестото од човештвото полека да се дави во сопствената нечистотија.

Елитата ја прифатила Алтернатива 3.

Сега да бидеме реални и да кажеме дека ова е сепак тешко за верување. Самата помисла дека во тоа време САД и СССР тајно соработувале на вселенска програма од тие размери, навистина мислам дека не е возможно. Да не збориме за слетувањето на Марс кога и самото слетување на Месечината е многу веројатно, па најблаго кажано – исценирано.

Еве на кратко што вели Википедија за оваа „завера“:

Програмата беше оригинално спремна да се емитува на 1ви Април, Денот на шегата 1977 година. Алтернатива 3 заврши со пофалби за актерите кои учествувале во правењето на серијата како и белешки за интервјуата со „измислениот“ Американски астронаут.

Во 1978 година писателот Лесли Ваткинс ја напишал „Алтернатива 3“ , книга базирана на претходно споменатата емисија. Во обид да дознаат што навистина се крие позади приказната во оваа книга одредени издавачи му напишале директно писмо на самиот автор. Еве го неговиот одговор:

Драга г-ѓа Дитрих

Ви благодарам многу за Вашето писмо, кое го добив денеска. Нормално премногу од задоволен сум од Вашето интересирање за книгата Алтернатива 3 и од фактот што саката да ја продавате во Вашите продавници. Сакам да Ве уверам дека ќе соработувам на секој можен начин.

Вистинскиот опис на книгата „Алтернатива 3“ најубаво Ви го дале во „Penguin books“. Книгата се базира на факти, но ги користи истите како одскочна даска за Внес во фикцијата. За да одговорам на Вашите конкретни прашања:

  1. Не постои астронаут по име Гродин;
  2. Не постои т.н. Спектар телевизија;
  3. Не постои др. Герстеин,
  4. Да, снимен е документарец во 1977 на Англиската телевизија, која одеше на целата национална телевизија. Името му беше Алтернатива 3 и е напишан од Давид Амброз, а режиран од Кристофер Мајлс (чии имиња се наоѓаат исто така на кориците од книгата, бидејки си постојат одредени договори). Оваа оригинална ТВ серија, која како што објаснив во книгата е во суштина една голема шеха која требала да се дава на 1ви Април, денот на Шегата. Поради одредени проблеми на телевизиската мрежа тој датум бил поместен.

Самата емисија предизвика огромна турбуленција бидејки гледачите одбивале да веруваат дека сето тоа е невистина. Уште на самиот старт сфатив дека главното гесло беше толку од-пат, особено поради начинот на кој планирав да го презентирам во самата книга, што никој нема да ја смета како вистинска приказна, а не како научна фантастика. Веднаш по објавувањето сфатив колку сум грешел. За воља на вистината, планините од писма, од скоро секој дел на светот, вклучувајки тука и писма на одредени луѓе на одговорни позиции – ме убедија дека сосема случајно сум преминал во сферата на СТРОГО ДОВЕРЛИВИ тајни.

Документираните докази презентирани при овие допишувања, ме убедија да напишам и комплетно сериозен и реален продолжеток. За несреќа, куферот во кој се наоѓаа голем дел од овие писма, беше дел од работите кои „случајно“ се изгубија при мојата селидба во Сиднеј, Автстралија – пред конечно да се преселам во Нов Зеланд. Некое време откако Алтернатива 3 беше објавена, имам основа да верувам дека мојот домашен телефон беше прислушкуван, а дел од моите дописници кои беа подобро упатени веруваа дека и одредени Агенции сметаат дека веќе знам премногу.

Значи да сумирам, книгата е Фикција базирана на факти. Но денес верувам дека несвесно имам завлезено многу блиску до вистината.

Се надевам дека ова мое писмо на некој начин ќе Ви помогне.

Со почит,

Лесли Ваткинс

Извори поврзани со оваа статија:
1. World mysteries – Alternative 3
2. The truth about Alternative 3

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s