Алтернатива 3 втор дел

Posted: Јануари 11, 2011 in НЛО манија, Теории на завера

Дали „Алтернатива 3“ е само уште еден од редот на научно-фантаснични документарци? Планирањето на опции за една планета која е во изумирање, некако е и лигична постапка нели?

Во една статија на  Annomalies Network – „Најопасното ТВ шоу некогаш направено“, авторот повлекува неколку интересни паралели помеѓу последната Science report емисија во јуни 1977 и нашето блиско минато. Програмата буквално исчезна заедно со сите оригинали во оган. Во самата статија посебно е назначено како е чудно дека не само тие (оригиналите) туку и сите договори врзани за документарците исчезнале.

Значи во продолжеток Ви ја презентирам комплетната статија преведена на мекедонски.

Во јуни 1977 Обединетото Кралство ја потресе еден документарец кој поради контроверзиите кои ги предизвика по неговото прикажување – беше забранет да се прикажува воопшто повеќе во УК. Документарецот потоа беше прикажан во Австтралија, каде повторно приемот од страна на гледачите преизвика истиот да биде забранет за реемитување. Конечно документарецот им беше понуден на NBC во САД каде „културно“ го одбија бидејки не ги исполнувал моралните, легалните и етничките стандарди и би предизвикал големи штети на теливизиската куќа. Од тој момент документарецот преживува само како една табу тема и е извор на голем број на дебати поврзани со неговата легитимност. Документарецот се вика Научен рапорт: Алтернатива 3 и е најопасниот документарец некогаш направен во Светот.

Значи да почнеме од почетокот, барем јас. Десета генерација на копија од оваој чуден документарец беше емитувана во УК во доцните 1970-ти. Беше доста лоша копија, но доволно добра за да се гледа. Во 1990-те кога јас прв пат го гледав, истиот предизвика такво парадигматско поместување во мојот мозок, да се осеќав како да одекнала хидрогенска бомба. До тој момент, бев заинтересиран само за НЛО-а и за нивното прикривање од страна на различни владини структури. Конспирации до тој степен никогаш порано не ме интересирале, но во Алтернатива 3 видов еден грандиозен план, една долгорочна визија, да бев комплетно воодушевен. Морав да знам повеќе! Истражував, истражував, истражував … и еве ме денес со оваа теорија.

Значи, што е толку посебно со Алтернатива 3? Во суштина, ако овој документарец е фундаментално точен, претставува една голема унифицирана теорија на заговор. Таа е лепилото, а истовремено и алката која недостасува на повеќето денешни теории. А логиката е толку елегантна и едноставна. Земјата умира, што ќе правиме? Најкраткиот одговор е да преживееме, а подолгиот одговор е дека ние пробавме да го решиме проблемот, но не успеавме. Затоа дел од населението ѓе го спасиме, а другиот дел – нека се снајде, што би рекло дека решението за повеќето од нас би била сигурна смрт. Значи умирањето ма Земјата се врзува со појавување на редица на климатси промени и катастрофи кои едноставно би се нижеле една по друга. Многу е важно значи да се сфати дека сфаќањата на документарецот не се базирани стрикно на природните климатки промени туку и на оние предизвикани од самиот човек. Занчи тука не се прави никаква разлика туку едноставно се спомнуваат „климатски“ промени. Интересно е да се забележи дека документарецот е направен во 1977 година и е повеќе-децениски оддалечен од појавувањето на денешниве климатски промени.

itv.jpg

Алтернатива 3 е финалната епизода од серијалот на научни документарци емитувани на East Anglia Television во 1977 година. Оригинално требало да се емитува на 1ви Април 1977 година, но поради редица на настани меѓу кои и погрешно закажан термин за емитување, како и штрајк, истиот е емитуван во јуни истата година. Значи веќе во тој момент ја изгубил својата нота на априлска шега, ако веруваме дека идејата на Давид Амброз и Кристофер Мајлс била токму тоа. Наводно тие биле замолени да ја режираат финалната епизода од серијалот документарци, како еден вид на пародија, што тие и прифатиле да направат. Сепак задржувањето на оригиналниот формат на документарецот како и водителот Тим Бринтон, кој до тој момент хостирал само озбилни доккументарци и емисии, му даде на документарецот одреден степен на озбилности автентичност. Значи не е за чудење реакцијата на публиката која беше брза и гласна. Исто така интересно е да се спомене дека кариерите на сите учесници на документарецот, после него, се вивнаа до небеса. Кристофер Мајлс режираше серија на добри филмови, Давид Амброз напиша серија успешни книги, Тим Бринтон стана член на парламентот, а Брајан Ено денес е водечко име во амбиенталната и електронска музика.

Постои уште еден интересен факт за Алтернатива 3, кој сметам дека треба да се спомене и кој е доста изненадувачки. Колку што јас знам, од изворите кои ги пронајдов, не постои веќе оригинална копија на овој документарец. Сите оригинали биле уништени во пожар, како и сите авторски и легални документи поврзани со Алтернатива 3. Значи единствената оригинална копија ја има Кристофер Мајлс кој ја зачуувал како дел од својата колекција, додека што се однесува до ITV/East Anglia TV документарецот не постои. Сега ова е МНОГУ важен доказ бидејки во телевизијата голем дел од парите се заработуваат токму од правата на одредена емисија или филм, како и продавање на истите на друга куќа. Во случајот Алтернатива 3 , поради губењето на сите легални документи, ITV повеќе неможе да го смета овој документарец како свој. Тоа е како Алтернатива 3 воопшто и да не постоел.

За подобро да ги разбереме невистините и вистините позади нив, потребно е да ги погледнеме сите алтернативи како и нивните замени во вистинскиот живот.

Логиката:

alternative3-klima.jpg

Во одреден момент во блиското мината, владините научници заклучиле дека Земјата не е способно да оддржува живот гледано на подолг временски период. Гледајки дека нема излез од се поочигледната апокалипса, планерите и стратезите на НАТО и Варшавскиот пакт изнашле три алтернативи да го решат проблемот или во најлош случај да ја напуштат планетата. Можеби токму врз база на овие состаноци, Едвард Телер пред Американското здружение на хемичари ја искажува својата загриженост за СО2 и другите ефекти од т.н. Ефект на стаклена градина, во неговиот познат говор од 1957 година. Резултатот од ваквото истражување го донел заклучокот дека еминентната катастрофа е базирана на климатски промени делумно предизвикани од пренаселеноста како и од природните и вештачките климатски промени и загадувањето.

Алтернатива 1

300px-EdwardTeller1958.jpg3.jpg Според оваа алтернатива треба да се лансираат серија на нуклеарни бомби во обид да се „отвори дупка“ во горната атмосфера за да се испуштат полутантите во вселената. Верувам дека ова е во оснаовата на Операција Аргус која била изведена во 1958 година евидентно со цел да се тестираат земјините радијациони појаси, само една година откако Едвард Телер ја искажа јавно својата загриженост за судбината на планетата. Аргус или Флорал, како што инаку се вика, е едниственото детонирање на нуклеарни боеви глави на такви големи височини, кое било изведено во скратен временски рок (пола од времето потребно вообичаено за вакви тестови). Исто така постојат одредени индикации дека HAARP може ито така да биде искористен за такви проекти. Во последно време протекуваат одредени информации дека и администрацијата на Обама моментално истражува начини за модифицирање на атмосферата.

Сметам дека исто така е важно тука да се спомене и Хемтраил теоријата. Постојат индикации дека овие „хемиски траги“ се по-модерен начин за имплементација на теоријата оригинално поставена од никој друг него Др. Едвард Телер. Тој теоризирал дека глобалното затоплување може да се избегно со исфрлање на големи количина на метални парчиња во атмосферата  кои би ги рефлектирале сончевите зраци и би ја ладеле површината на земјата. Гледајки ја оваа теорија, набрзо станува јасно дека „хемиските траги“ се очигледен резултат на исфрлање на одреден материјал на големи височини и може лесно да се види како очигледно остварување на оригиналниот план. Но од гледна точка на Алтернатива 3, овој проект пропаднал и се преминало на Алтернатива 2.

Алтернатива 2

0312-Svalgard-Seed-Bank.jpg_full_600.jpgpicture-2.pngАлтернатива 2 е проект за преселување на процент од популацијата во подземни објекти. Овој проект и денес трае сеуште, и ако се верува на Алтернатива 3 тогаш најверојатно ќе трае и до самиот крај. Докази за постоењето на Алтернативата 2 се дури присутни и околу нас, а подготовките зе запрепастувачки. За припремањето за „крајот на времето“ не треба многу да бараме – треба само да го видиме Nordic Seed Vault, кој е на некој начин Ноева арка за сите семиња на замјата. Треба да се истакне дека во овој трезор нема генетски модифицирани семиња. Сепак овој трезор не е единствен, постајат повеќе такви кои веќе се изградени или се во план за градба.

За да се вратиме малку на поверојатни опции потребно е да ги земеме во обзир инсталациите како Camp David или Site R кои можат многу лесно да соберат доволно голема популација во субтеренски услови и тоа во период од неколку години ако не и декади, а овакви инсталации постојат насекаде низ светот. Во Норвешка, на пример, го имаме Sentralanlegget, во Франција постои таква инсталација во Taverny и нормално во УК го имаме Whitehall. Секоја од овие инсталации е создадена во времето на ладната војна, денеска е пренаменета за еминентниот „крај“. И секако најпознатиот или подобро познат по лошите гласини Денверскиот аеродром, кој покрај информацијата дека владините агенции се селат во областа на Денвер не прави да веруваме дека нешто навистина се спрема. Но од практична гледна точка сметам дека оваа алтернатива нема да успее поради фактот дека одредени влади нема да можат во назначениот рок да ги изградат овие објекти во кои би можело да се опстане подолго време, ниту пак ќе можат да соберат доволно луѓе. Очигледно е дека оваа алтернатива самата по себе бара посебно истражување бидејки изворите на информации поврзани со неа се навистина огромни. Така да ако Ве интересира сами да истражувате на оваа тема, а особено на гласините за изградбата на меглеевата железница, Ви препорачувам да ги побарате излагањата на Ричард Саудер.

Алтернатива 3 од друга страна е ништо помалку но преселување на дел од населението на Марс, користејки ја притоа Месечината како помошна станица. Ова е грандиозен план, сепак очаен и најверојатно најсложениот и најтешкиот елемент од целава оваа дискусија. Во случаите на Алтернатива 1 и Алтернатива 2 можеме многу лесно да посочиме кон очигледните докази. Воглавно затоа што истите беа прикривани како проекти за одржлив развој од времето на ладната војна. Од друга страна селењето на една планета е сосема друга димезија и нормално прејудцира дека постои некоја тајна вселенска програма или нешто слично. Ова исто така е многу тешко да се докаже бидејки во реалноста ние немаме никакви распореди на работа и најверојатно станува збор за апарати кои низ годините беа протолкувани како вонземски НЛО-а. Ајде сега да ја разгледаме малку подетално оваа Алтернатива 3 .

Алтернатива 3

Како што и претходно напоменавме, доказите за првите две алтернативи се скоро очигледни, барем од гледна точка на една теорија на заговор. Очигледно е дека ништо во светот на конспирациите не е кристално јасно, но креаторите на Алтернатива 3 ги допираат скоро сите модерни теории на заговор кои ги имаме видени и слушнато. На некој начин може да се искористи како една „спојка“ (лепак ако сакате) со чија помош би се конструирала една рамка околу педесет годишното истражување на овие теории.

alternative3-tim-brintong.jpg

Значи како би ја објасниле Алтернатива 3? Значи постојат тестови со кои можеме некои концепти да ги докажеме, но можеме и да посочиме кон одредени објекти и инсталации. Можеме да најдеме одредено истражување кое е извршено на таа тема – нешто што и оди во прилог на побарубвањата на оваа Алтернатива 3. Значи еве за пример треба да ја истражуваме Месечината како попатна станица до Марс или пак треба да се позанимаваме со концептот на „групна консигнација“. Сепак и покрај фактот дека немаме дефинитвни докази за Алтернатива 3, сметам дека има доволно за да почнеме да поставуваме неои озбилни прашања.

NaziBell.jpgЗначи сега треба да се нурнеме во темните води на Алтернатива 3 што од своја страна е многу тежок и непрегледен предлог. Но од друга страна имаме одредени елементи од поголемиот проект што ни даваат до знаење дека проектот постои. Најчесто ваквите елементи се манифестираат како чудни и необјасниви појави кои се случуваат тука и тамо и кои навидум неможат да створат една целина. Тука спаѓаат разни фоторафии, гласини и мали нејасни коментари кои ги даваат некои од највлијателните луѓе на планетава. Примерно коментарите на претседателот на САД Двајт Ајзенхауер за воено-индустрискиот комплекс или Баз Олдрин и неговите коментари за монолитноста на сателитите на Марс, месечина за која ако погледнеме во излагањата на Ричард Хогланд ќе заклучииме дека можеби е створена по вештачки пат – што одлично би се вклопило во идејата на Алтернатива 3. Значи овакви елементи има насекаде, но тешки се за распознавање.

Ваквите елементи ни даваат се поголем и поголем пристап до вистината за Алтернатива 3 – елементи како Webbot team кои неодамна на едно илзагање искажаа убедување дека според нивното истражување постои тајна „пребегана“ цивилизација која има способност за меѓузвездено патување. Или пак дискусијата помеѓу истражувачот Џим Марс и Џорџ Нури во врска со наводното остварување на развојна програма под водство на СС Генералот Ханс Камлер од страна на вонземјаните, во фабриките на Шкода близу Пилсен. Коментари кои се отсликуваат и во истражувањето на Јосип Ферел, кои барем според повеќето негови книги, е експерт за такви тајни програми. Кулминацијата на оваа теорија е во серија на книги (овде) каде се содржи целата колекција на тајни Наци оружја. Ферел Ве носи од идеја до потенцијално комплетирање на истата о ги дисецира длабооко сите елементи на проектите. Неговите тези работат околу создавањето на “The Bell” или Die Glocke, тајна Наци торзиона направа напојувана од “Xerum 525”. Оваа направа се претпоставува дека не е ништо друго но основа за Наци НЛО-а.

Haunebu2.jpgСо цел да Алтернатива 3 профункционира, потребно е да имаме вселенски летала кои не само што би оделе на Месечината туку и на Марс. Овие бродови не само што треба да носат голема количина на товар туку и персонал, дали научници или фамилии, кои би патувале во својот нов дом. Значи потребно ни е такво летало, кое би било напојувано од Die Glock, доволно големо за своите намени и мислам дека СС научниците имаат направено такво летало – Haunebu. Официјално имаме најдено истражување кое прикажува две или три верзии на вакво летало во изработка подоцна во војната, војна која заврчи пред повеќе од 50 години. Занчи во меѓувреме со нови ресурси во изобилство како и со нови идеи истото можно е да било доусовршено. Сепак, водејки се според одредени информации, Haunebu би бил способен во најмала рака барем за пат до Месечината до крајот на 1940-те. Но, неможеме да застанеме со истражувањето едноставно само затоа што сме ја нашле машината. Треба да ја прегледаме и работата на Ричарг Хогланд и Мајк Бара, наречена „Темна Мисија“, која ни ги прикажува евентуалните аспекти на тајната вселенска програма, ритуалното подредување на ѕвездите, кое игра голема улога кај Нацистите бидејки истите биле скоро манијакално опседнати со окултот, имињата на мисиите, какои остатоците на стара цивилизација на Месечината, или не баш така стара? Како и да е мое мислење е дека иако се можеби прастари елементи истите секако може да се искористат како база за патување на Марс. Но токму тие остатоци, кои Хогланд и Бара ги нашле, се златниот печат на оперативната програма на Месечината. Ова е интересна точка за логично истражување, но ако судиме една цивилизација по остатоците кои ги оставила зад себе тогаш за тоа имаме многу фото докази. Единственото мое несогласување е дека Хогланд и Бара тврдат дека тие остатоци се од пред еден милениум, додека јас сметам дека се од поновата историја.

Како знаеме дека има активности на Месечината? Има многу начини како ова да го докажеме. Еден од начините е последното откажување на повторното слетување на Месечината. Најдобар начин да се сокрие месечевата база е да не се дозволи астронаутите да ја сликаат на своја рака без никој да знае. Ова многу добро се поклопува со новата теорија дека никогаш и немало слетување на Месечината, но јас тврдам дека се слетало на Месечината, а очигледно дека астронаутите биле уценети да ја „заборават“ мисијата како што и сметам дека е премногу од очигледно дека фотографиите биле манипулирани.

TLPs-Crotts.jpgmoon2.jpgНо настрана од фабрикуваните стории и фотографии, што друго можеме да побараме? Друга опција е да го истражиме Transient Lunar Phenomenon или скратено TLP. Од 1950-те астрономите забележуваат движење на светли точки по површината на Месечината, кои движења ги имаат каталогизирано и секој може да ги провери на интернет.

Овие навидум неправилни движења се припичуваат на удари од метеорити, но тоа сепак не е докажано, а движењата и понатаму продолжуваат непречено и без намален интензитет. Значајно е да се забележи дека сите овие истражувања на астрономите се поклопуваат со времето кога во САД и светот се интензивира интересот за НЛО-а. Ова ги доведе одредени истражувачи, меѓу кои и Џон Лир, да веруваат дека TLP инцидентте претставуваат рударски операции на Месечината. Најверојатно се копа титаниум, хелиум 3 или Железо кои би биле потребни за изградба и одржување на база на темната страна од Месечината.

Исто така видовме голема количина на отпад кои е пронајден на Месечината, благодарејки делумна на пионерското истражување на Ричард Хогланд и Мајк Бара. Тие открија објекти као што е “The Shard” – 3 милји висока структура на Месечината,  којa по се изгледа билa плански направенa. Ваквите откритија ни кажуваат дека е возможна претходна населеност на Месечината, но и можност дека е темел за нова градба.

08405e.jpgСега мора да се свртиме кон Марс, црвената планета од легендите. Мистериозна планета која по се изгледа е крајнаа цел на Алтернатива 3 проектот. Докази за постоење на структури на Марс има премногу и тоа повторно благодарение на истражувањето на Хогланд. Но повеќето од тоа што тој го има откриено през годините е очигледно остатоци од прастари населби. Она што ни треба нас е доказ за постоење на нови градби и активности. За тоа не треба да бараме подалеку од “The Facility” како што ја нарекувам јас. Тоа е објект кој не покажува никакви знаци на оштетување, комплетно е мазна и не во контекст на околниот пејзаж. мое убедување е дека ова е дел од едно помодерна населба и би се сложил дека ако Хогландовото истражување е точно, дека одредени елементи (тунели, структури и сл.) од прастарата цивилизација се користат повторно. Ова е тематика која денеска се користи низ новите научно фатастични серијали како што е и Старгејт серијалот.Тој исто така теоризира дека месечината на Марс – Фобос е шуплива и користи како еден вид на вселенска станица над Марс, што повторно има логика. Но како и со многу работи во Алтернатива 3 и тука си имаме работа со класична камуфлажа, како и со субверзија толку потполна да е потребно уште поголемо истражување.Phobos-alt.jpg

Значи утврдивме, верувам, добра основа за леталата како и за Месечината како база потенцијално потребна за подолготрајна миграција и модерна активност на Марс. Но сега мора да се обратиме кон еден сосема друг дел од Алтернатива 3.

Како што и самата Алтернатива 3 кажува потребни се обучени техничари, научници но и работници. Цели книги може да се напишат за исчезнати научници од сите фели, биолози, генетичари, физичари и листата продолжува натака. Исто така имаме и голема бројка на мртви луѓе поврзани со ова, најверојатно поради потребата од одстранување на сите оние кои биле упатени во проектот но не биле веќе потребни. Ова би била одлична алатка за прикривање на ваква програма, но што е уште поважно со нејзина помош можеме да ги одредиме и корпорациите кој се вмешани. Ова го поддржува податокот дека има голем број на смртни случаи поврзани со Marconi помеѓу 1980 и 1992 година. 25 високо образувани научници беа убиени или изврчија самоубиство, меѓу кои повеќето работеа на SDI иницијативата. Значи ова би навело на заклучок дека Маркони и учествувал во иницијативата.

12864_NpAdvSinglePhoto.jpg

Друг елемент е концептот на „групна консигнација“, односно транспорт на луѓе на овие планети за да се користат како работна сила. Како доказ на овој концепт треба само да го поглднем бројот на исчезнати лица само во САД. Примерно секој година исчезнуваат околу 800,000 деца, број кој откако ќе го намалиме заради киднапирања од членови на фамилијата или заради насилство добиваме околу 500,000 деца на година. Значи ова се само деца, не вклучувајки ги тука и возрасните и ова е само во САД. Ако погледнеме кон послабо развиените делови од светот, цели населби би можеле да се земаат без никој посебно да забележи дека ги нема. Тука значи ви лежи изворот на таа работа сила, луѓе како мене и како вас кои ги зимаат од секаде за да служат на целта.

Постои исто така уште една интересна информација. Во книгата “Milabs” публикувана пред многу години од Др. Хелмут Лемар, тој подцртува дека војската врши киднапирања кои многу наликуаат на НЛО обдукциите. Тој тврди дека со помош на магнетни бранови може да се натера било кој да верува дека е киднапиран од вонземјани. Дури и авторот Витли Стрибер има дебатирано дека при абдукциските експерименти луѓето им асистирале на вонземјаните.

Сега ние не збориме овде дека вонземските киднапирања не постојат каоко такви. Токму напротив, според мене тие постојат, но исто така одредени елементи од војската и обавештајните служби се сбособни да го направат потполно истото. Според мене дел од овие киднапирања се направени токму за потребите на Алтернатива 3. Дури и само 15 од тие киднапирања да се од војската, не остава замислени зашто се тие направени, освен ако не се за потребите на Атернатива 3. Со Алтернатива 3 како водечки принцип мислам дека можеме да донесеме одредено расветлување на целава тематика.

2012, спремете се за иднината.

Значи зашто? Што е крајната цел тука?

mass-extinction-431x300.jpgЗашто воените стратези се припремаат за нуклеарна војна која никогаш нема да биде? Зашто толку многу луѓе исчезнуваат и која е поентата на Алтернатива 3? Дали се климатските промени? Масовно уничтување? Никој не знае за сигурно. Самиот документарец се осврнува на климатските промени, што верувам дека е многу важен фактор, но верувам дека има многу повеќе околу самиот проект него само климатските промени.

Ајде да мислиме на момент само за климатските промени. Постојат две убедувања, првата дека луѓето ја загадуваат планетата и ова ќе не доведе до ефектот на стаклена градина и масовна промена на климата. Другото убедување е дека е ова е природен циклус и промените се природни. Оно што не јасно е дека климата се менува и тоа нас не тангира. Дали верувате дека идеме кон ледено доба или кон супер стаклена градина – и двете солуции се катастрофални. Пренаселеноста исто така е додатен товар на целата ситуација и наскоро ќе се појави недостиг на цели култури на одрдени делови од планетата. Тоа е основата на оваа дискусија, но не верувам дека е целата приказна. Подготовките (трезори за семе, масовни подземни структури и Алтернатива 3) покажуваат дека „Тие“ се припремаат за нешто и верувам дека климатските промени се само еден начин како да ја скријат вситината.

Интересно е да се каже дека според многу истражувачи, дали луѓе или webbot проектот, иднината после 2012 е малку матна за да потоа повторно си дојде на свое место. Скоро како да настанала некоја катастрофална незгода и целиот свет е погоден од истата предизвикувајки екстинкција на секое ниво. Само тогаш, во случај на ваква голема катастрофа, би се правеле вакви големи подготовки. Бидејки ако проблемот се само климатските промени, изумителите на подземните бази би требало тамо да поминат со генерации. Но ако имаме голем настан, како удар на метеор, тоа може да предизвика нуклеарна зима која би поминала во рок од неколку години. Во тој случај и трезорите за семиња имаат логика.

Значи колку е саатот? Кога ќе се случи? Очигледно дека предодредената дата е 2012 година и подготовките продолжуваат. Дали е изворот огнената стихија на Сонцето или астероидот Apophis, навистина немаме начин како да докажеме. Тоа што можеме да го кажеме е дека нешто доаѓа и дека луѓето што тоа го знаат се припремаат.

Заклучок

Што значи сето тоа? Дали се соочуваме со апокалипса? Дали е Алтернатива 3 вистина? Мислам дека краткиот одговор би бил: Да, на некој начин. Според мене Алтернатива 3 е вистинска и има премногу докази, но јас пробав да го намалам опсегот само на овој напис. Многу од овие конекции треба да се истражат уште повеќе и подетално. На повеќе начини Алтернтива 3 претставува една грандиозна унифицирана теорија на заговор почнувајки од климатски промени преку webbot до Наци НЛО-а. Демонстрира почеток и крај на многу од модерните и чудни на свој начин махинации кои денес ги гледаме во Светот. Ни покажува дека припремите се во тек и дека 2012 е неизбежна. Но на крајот од се мораме да ја бараме вистината, бидејки таа ќе не ослободи.

Превземено и преведено од Anomalies.net

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s