Archive for the ‘НЛО манија’ Category

Дали „Алтернатива 3“ е само уште еден од редот на научно-фантаснични документарци? Планирањето на опции за една планета која е во изумирање, некако е и лигична постапка нели?

Во една статија на  Annomalies Network – „Најопасното ТВ шоу некогаш направено“, авторот повлекува неколку интересни паралели помеѓу последната Science report емисија во јуни 1977 и нашето блиско минато. Програмата буквално исчезна заедно со сите оригинали во оган. Во самата статија посебно е назначено како е чудно дека не само тие (оригиналите) туку и сите договори врзани за документарците исчезнале.

Значи во продолжеток Ви ја презентирам комплетната статија преведена на мекедонски.

(more…)

20ти јуни 1977

Тоа понедлничко попладне, Англиската телевизиска куќа ја објави последната емисија од серијата на Научни рапорти, серија на сериозни документарци, кои беа режирани од еминентни научни репортери. Емисијата со наслов Алтернатива 3, беше пренесувана во Голема Британија, Австралија, Нов Зеланд, Канада, Исланд, Шведска, Норвешка, Финска, Грција и Југославија. Сепак никогаш не беше емитувана во САД. По се изгледа дека тогашната влада не дозволувала такво нешто да се емитува во нивната земја.

(неможам а да не спомнем дека ме изнасмеа фактот дека глуми и дебелкото од АлоАло)

Емисијата фрлаше светло на неколку главни точки:

  • Постои тајна САД-СССР вселенска програма, која надминала многу повеќе од она што јавноста во тоа време го знаела.
  • Астронаути слетале на Марс во 1962 година.
  • Откриено е дека постои друга интелигенција во универзумот.
  • Земјата умира. Сме ја загадиле веќе до тој степен да нема поправање. Зголемениот ефект на стаклена градина ќе предизвика топење на половите и на глечерите што од своја страна ќе предизвика поплави на Земјата. Ова покачуавње на нивото на водата ќе резултира со промена на пејсажот на Земјата, а Лондон и Њу Јорк ќе се само дел од многуте погодени места.

Постојат три решенија (алтернативи) предложени од политичарите (владите):

  • Алтернатива 1 – Да се запре целосно загадувањето и да се продупчат две дупки во озонот. Ова ќе овозможи зголемено УВ зрачење и милиони би умреле од рак на кожата.
  • Алтернатива 2 – Под итно да се започне со копање на подземни градови за Елитата – оние вредни да се спасат – а да се остават останатите да умрат на површината.
  • Алтернатива 3 – Да се изградат вселенски бродови и да се однесе Елитата од Земјата – на Месечината или Марс. Да се киндапираат и земат со себе дел од „обичните“ луѓе за да служат како робови. Да се користи ментална манипулација за истите да бидат под контрола. Да се остави рестото од човештвото полека да се дави во сопствената нечистотија.

Елитата ја прифатила Алтернатива 3.

Сега да бидеме реални и да кажеме дека ова е сепак тешко за верување. Самата помисла дека во тоа време САД и СССР тајно соработувале на вселенска програма од тие размери, навистина мислам дека не е возможно. Да не збориме за слетувањето на Марс кога и самото слетување на Месечината е многу веројатно, па најблаго кажано – исценирано.

Еве на кратко што вели Википедија за оваа „завера“:

Програмата беше оригинално спремна да се емитува на 1ви Април, Денот на шегата 1977 година. Алтернатива 3 заврши со пофалби за актерите кои учествувале во правењето на серијата како и белешки за интервјуата со „измислениот“ Американски астронаут.

Во 1978 година писателот Лесли Ваткинс ја напишал „Алтернатива 3“ , книга базирана на претходно споменатата емисија. Во обид да дознаат што навистина се крие позади приказната во оваа книга одредени издавачи му напишале директно писмо на самиот автор. Еве го неговиот одговор:

(more…)

Едгар Дин Мичел (роден 17 септ. 1930) е американски пилот, инжењер и астронаут. Како пилот на лунарниот модул Аполо 14, поминал 9 часа работејки на површината на Месечината во т.н. Фра Мауро регион, станувајки со тоа шести човек кој одел на Месечината.

Награден е од New Mexico State University, University of Akron, Carnegie Mellon University и од Embry-Riddle Aeronautical University. Исто така добитник е и на Председателскиот медал за Слобода во 1970 година од тогашниот председател Ричард Никсон.

Едгар Мичел, еден од 12-те луѓе кои ја имаа таа привилегија да згазат на површината на Месечината, јавно истакна дека посетите на вонземјани на земјата се многу добро прикриена информација повеќе од 60 години.

„Ја имам таа привилегија да го знам фактот дека сме биле посетени од НЛО-а и дека НЛО феноменот е вистински“ – истакнал Мичел на Керанг радиото во Британија.

„Сето ова се прикрива веќе подолго време од страна на повеќе влади“ – додал Мичел, кој и самиот израснал во Росвел – Ново Мексико, локацијата на контроверзниот инцидент од 1947 година, каде одредени луѓе веруваат војската на САД лиферувала информација за наводен балон, кога на самото место се има срушено НЛО.

Со цел да разјасни некои работи кои според него биле извадени од контекст, Едгар Мичел разговара со Лиса Бонис од BlogTalkRadio’s ShapeShifting.

Еве транскрипт од целото интервју:

(more…)

Американскиот месечев модул Аполо 11 фотографирал човечки скелет и необјасниви стапки на површината на Месечината во 1969 година кога за прв пат човекот стапнува тамо.

Ова е бомбастичното тврдење на кинскиот научник Канг Мао-панг кое го изнел пред јавноста во 1988 година заедно со одредени слики на кои можеле да се видат човечки стапки направени со боси нозе. Тој тврдел дека тие слики ги добил од доверлив извор во Американската влада и дека накнадно ќе ги добие и сликите на кои се гледа убаво и скелетот.

„Американците го направија најголемото затајување на вистината, кое се равни со чист криминал“ – изјавил Др. Канг пред новинарите во Пекинг. „Тие ги криеле фотографиите на кои се препознаваат стапките повеќе од 20 години, а тие на кој се наоѓа скелетот уште подолго. Импликациите од ваквите нивни постапка се запрепастувачки“ – понатаму истакнува тој – „ Очигледно дека Американците сметаат дека само тие и никој друг не е привилегиран истите да ги види. “

(more…)

Астрофизичарот Крег Каснов од СЕТИ програмата, објави дека три големи објекти се движат кон Земјата и тоа доста брзо. Големината на овие „летечки чинии“ е во опсегот на неколку десетици километри. Слетувањето, според пресметките на научниците, би требало да биде некаде на средината од декември идната година, датум кој „случајно“ се поклопува со предвидувањата на Маите.

Неколку големи објекти, брзо се приближуваат кон Земјата – тврди СЕТИ астрофизичарот Крег Каснов, но не го земајте неговиот збор во обзир, туку проверете си и самите. Тој препорачува да одите на http://www.sky-map.org/ и да ги внесете следните координати:

19 25 12 -89 46 03 – првиот голем објект
16 19 35 -88 43 10 – цилиндричен објект
02 26 39 -89 43 13 – кружен објект

Учесниците на овој проект се црвсто убедени дека ова се вистински објекти и дека Американската вселенска организација НАСА се труди да сокрие важни информации.

Ниту еден од овие објекти неможе да се види од северната хемисфера. Вториот сет на бројки во секоја линија ни кажува дека објектите доаѓааат од длабочините на небото на јужната хемисфера.

Во секој случај, единственото нешто кое можеме сега да го направиме е да чекаме – вели Крег Каснов. Наскоро овие објекти ќе бидат видливи со секој подобар телескоп.

Држете ги Вашите очи на небото … вистината е тамо некаде.

Превземено од The Examiner.

(more…)