Archive for the ‘Теории на завера’ Category

Zeitgeist 3

Posted: Јануари 29, 2011 in Теории на завера

Излезе конечно и на интернет најновото продолжение на Zeitgeist серијалот документарци.

Дали „Алтернатива 3“ е само уште еден од редот на научно-фантаснични документарци? Планирањето на опции за една планета која е во изумирање, некако е и лигична постапка нели?

Во една статија на  Annomalies Network – „Најопасното ТВ шоу некогаш направено“, авторот повлекува неколку интересни паралели помеѓу последната Science report емисија во јуни 1977 и нашето блиско минато. Програмата буквално исчезна заедно со сите оригинали во оган. Во самата статија посебно е назначено како е чудно дека не само тие (оригиналите) туку и сите договори врзани за документарците исчезнале.

Значи во продолжеток Ви ја презентирам комплетната статија преведена на мекедонски.

(more…)

20ти јуни 1977

Тоа понедлничко попладне, Англиската телевизиска куќа ја објави последната емисија од серијата на Научни рапорти, серија на сериозни документарци, кои беа режирани од еминентни научни репортери. Емисијата со наслов Алтернатива 3, беше пренесувана во Голема Британија, Австралија, Нов Зеланд, Канада, Исланд, Шведска, Норвешка, Финска, Грција и Југославија. Сепак никогаш не беше емитувана во САД. По се изгледа дека тогашната влада не дозволувала такво нешто да се емитува во нивната земја.

(неможам а да не спомнем дека ме изнасмеа фактот дека глуми и дебелкото од АлоАло)

Емисијата фрлаше светло на неколку главни точки:

  • Постои тајна САД-СССР вселенска програма, која надминала многу повеќе од она што јавноста во тоа време го знаела.
  • Астронаути слетале на Марс во 1962 година.
  • Откриено е дека постои друга интелигенција во универзумот.
  • Земјата умира. Сме ја загадиле веќе до тој степен да нема поправање. Зголемениот ефект на стаклена градина ќе предизвика топење на половите и на глечерите што од своја страна ќе предизвика поплави на Земјата. Ова покачуавње на нивото на водата ќе резултира со промена на пејсажот на Земјата, а Лондон и Њу Јорк ќе се само дел од многуте погодени места.

Постојат три решенија (алтернативи) предложени од политичарите (владите):

  • Алтернатива 1 – Да се запре целосно загадувањето и да се продупчат две дупки во озонот. Ова ќе овозможи зголемено УВ зрачење и милиони би умреле од рак на кожата.
  • Алтернатива 2 – Под итно да се започне со копање на подземни градови за Елитата – оние вредни да се спасат – а да се остават останатите да умрат на површината.
  • Алтернатива 3 – Да се изградат вселенски бродови и да се однесе Елитата од Земјата – на Месечината или Марс. Да се киндапираат и земат со себе дел од „обичните“ луѓе за да служат како робови. Да се користи ментална манипулација за истите да бидат под контрола. Да се остави рестото од човештвото полека да се дави во сопствената нечистотија.

Елитата ја прифатила Алтернатива 3.

Сега да бидеме реални и да кажеме дека ова е сепак тешко за верување. Самата помисла дека во тоа време САД и СССР тајно соработувале на вселенска програма од тие размери, навистина мислам дека не е возможно. Да не збориме за слетувањето на Марс кога и самото слетување на Месечината е многу веројатно, па најблаго кажано – исценирано.

Еве на кратко што вели Википедија за оваа „завера“:

Програмата беше оригинално спремна да се емитува на 1ви Април, Денот на шегата 1977 година. Алтернатива 3 заврши со пофалби за актерите кои учествувале во правењето на серијата како и белешки за интервјуата со „измислениот“ Американски астронаут.

Во 1978 година писателот Лесли Ваткинс ја напишал „Алтернатива 3“ , книга базирана на претходно споменатата емисија. Во обид да дознаат што навистина се крие позади приказната во оваа книга одредени издавачи му напишале директно писмо на самиот автор. Еве го неговиот одговор:

(more…)