Posts Tagged ‘НЛО’

Астрофизичарот Крег Каснов од СЕТИ програмата, објави дека три големи објекти се движат кон Земјата и тоа доста брзо. Големината на овие „летечки чинии“ е во опсегот на неколку десетици километри. Слетувањето, според пресметките на научниците, би требало да биде некаде на средината од декември идната година, датум кој „случајно“ се поклопува со предвидувањата на Маите.

Неколку големи објекти, брзо се приближуваат кон Земјата – тврди СЕТИ астрофизичарот Крег Каснов, но не го земајте неговиот збор во обзир, туку проверете си и самите. Тој препорачува да одите на http://www.sky-map.org/ и да ги внесете следните координати:

19 25 12 -89 46 03 – првиот голем објект
16 19 35 -88 43 10 – цилиндричен објект
02 26 39 -89 43 13 – кружен објект

Учесниците на овој проект се црвсто убедени дека ова се вистински објекти и дека Американската вселенска организација НАСА се труди да сокрие важни информации.

Ниту еден од овие објекти неможе да се види од северната хемисфера. Вториот сет на бројки во секоја линија ни кажува дека објектите доаѓааат од длабочините на небото на јужната хемисфера.

Во секој случај, единственото нешто кое можеме сега да го направиме е да чекаме – вели Крег Каснов. Наскоро овие објекти ќе бидат видливи со секој подобар телескоп.

Држете ги Вашите очи на небото … вистината е тамо некаде.

Превземено од The Examiner.

(more…)

Advertisements